За Општина Теарце
Општина Теарце се наоѓа во северозападниот дел на Република Северна Македонија.
Во состав на општина Теарце влегуваат 13 населби, четири населби се ридско-планински, додека другите населби се наоѓаат во долината на територијата на општина Теарце. Населбите кои се наоѓаат на територијата на општина Теарце се селата:
Општина Теарце како општина постоела до 1965 година, но од 1966 година според Законот за територијална организација и се приклучила на општина Тетово. Општина Теарце повторно е основана од 1996 година, според законот за територијална организација.
Таа се наоѓа во северозападниот дел на Р.С.М. која опфаќа површина од 136.55 km² во која живеат 17.694 жители од 25.638 жители според пописите од 2021 година. Густината на населението во општина Теарце е 129,6 жители на km². Според бројот на жители и површината што ја опфаќа општина Теарце, таа е позната како една од средните општини во Република Македонија.