Надлежности на Градоначалникот на Општината
Градоначалникот се избира на општи, директни и слободни избори со тајно гласање, во согласност со законот за период од 4 (четири) години. Градоначалникот ја врши својата функција професионално.
ја претставува Општината
ја контролира законитоста на регулативите на Советот
ја објавува регулативата на Советот во службениот весник на Општината
обезбедува извршување на одлуките на Советот
обезбедува извршување на активностите делегирани на Општината со закон
иницира и предлага усвојување на регулативи во надлежност на Советот
го предлага годишниот Буџет и Годишната Сметка на Буџетот на Општината
го реализира Буџетот на Општината
ги избира директорите на јавните служби основани од Општината, врз основа на јавен конкурс
редовно го информира Советот за вршењето на своите надлежности во согласност со Статутот
одлучува во управни работи за правата, обврските и интересите на правните и физичките лица, во согласност со законот
ја усвојува Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација
ја управува општинската администрација
одлучува за вработување, правата, обврските и одговорностите на работниците во општинската администрација, освен ако со закон не е поинаку утврдено
обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на имотот во согласност со законот и статутот
врши други работи утврдени со закон и со Статутот
Овластување
Градоначалникот може да овласти управен службеник на општината да раководи со постапката и да одлучува за управни прашања, како и да потпишува акти.
Објавување и Публикување
Градоначалникот со заклучок ја објавува и ја публикува регулативата на Советот во "Службен весник на Општина Теарце". Градоначалникот на општината обезбедува спроведување на одлуките на Советот.