Се празнува Денот на албанската азбука

 

Posted on November 22, 2021

Албанците денеска во Македонија го одбележуваат 22 ноември, Денот на албанската азбука, кој беше унифициран пред 113 години на битолскиот конгрес. Овој празник е најавено дека ќе биде традиционален и ќе одекне што повеќе на сите албански територии.
Битолскиот Конгрес се одржа помеѓу 14 и 22 ноември 1908 година. На него присуствуваа 50 делегати од 26 различни градови, клубови и здруженија. На овој Конгрес беше одобрена одлуката за прифаќање на латиницата со одредени промени на буквите со нивно прилагодување на албанскиот јазик.
Во Битола во тоа време учествуваа албански интелектуалци од сите албански краишта, бидејќи градот беше центар на конзулите и беше побезбеден за напредокот на овој важен национален процес.
За претседател на Конгресот беше избран Мит'хат Фрашери, а потпретседатели беа Луиѓ Гуракуќи и Ѓерѓи Киријази, додека неговата сестра Парашќеви Ќиријази беше единствената жена на овој Конгрес.
Според бројот и важноста на учесниците, битолскиот конгрес бил најважниот настан на албанскиот народ во почетокот на дваесеттиот век, каде како резултат на оваа работа на 28 ноември 1912 година била прогласена независноста на Албанија.
За Албанците од Македонија овој ден е празник и не се работи, додека во Битола работи Музејот на азбуката на албанскиот јазик, кој содржи околу 56 фотографии на учесниците и 230 документи во дигитална и хартиена форма.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk