ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Синоќа на 05.07.2023 година, обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во повеќе села на територијата на општина Теарце, а најмногу беа зафатени населбите на с.Теарце и с.Непроштено.
Општина Теарце цело време беше на терен, во координација со Штабот за вонредни состојби при општина Теарце, Општинското јавно претпријатие „Хиѓиена“ -Теарце, Противпожарната служба - Тетово, Дирекцијата за заштита и спасување, единицата Тетово, ЕВН-Тетово, Полициската станица во Теарце и Месните заедници на територијата на општина Теарце. Сите заедно успеавме да интервенираме на најитните точки со чистење на куќи, улици, улички и реката во село Непроштено.
Денеска, Штабот за вонредни состојби при општина Теарце заедно со Комисијата за проценка на штети, одржаа состанок на кој се разговараше за актуелната состојба, како и за можните решенија за што поскоро надминување на состојбата предизвикана од поплавите.
На состанокот е одлучено да се побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување подрачна единица Тетово и од Центарот за управување со кризи Тетово.
Исто така, граѓаните можат да се обратат и во канцеларијата на Архивот на општина Теарце за да поднесат барања за штети предизвикани од поплави.

Им благодариме на сите институции и жители кои се вклучија во надминување на оваа вцонредна состојба. Комисијата за проценка на причинетата штета е на терен и за мерките што ќе се преземат ќе бидете постојано известувани.
Се надеваме дека ќе најдеме разбирање од сите жители на нашата општина кои претрпеа штети.
Со надеж дека нема да се повтори ова појава.

Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved