Градоначалникот на општина Теарце г.Нухи Незири го пречека амбасадорот г. Кирил Баумгартнер

 

Денеска градоначалникот на општина Теарце, г. Нухи Незири го пречека францускиот амбасадор г. Кирил Баумгартнер, заменик министерот во МНР г-ѓа Фатмире Исаку, заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу, како и директорот на ОУ „Асдрени“ - с. Глоѓи г-дин Насер Нухиу. Домаќини на оваа средба беа и претставници од Францускиот институт-Тетово и Францускиот институт-Скопје. Тема на разговорот беше прославата на Франкофонијата во училиштата на општина Теарце. Гостите го почестија ОУ „Асдрени“ - Глоѓи, кои беа пречекани со програма организирана по повод деновите на франкофонијата.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk