Се одржуваше втората седница на Советот на општината

 

Posted on November 29, 2021

На 29.11.2021 година се одржаше втората седница на Советот на општина Теарце, на која едногласно беше одобрен предлог/одлуката за утврдување на крајбрежјето на водотекот за реките на подрачјето на општина Теарце. Одобрувањето на оваа иницијатива му дава право на градоначалникот да состави елаборати со дефинирани координати за секоја река, за определување на појасот покрај брегот на водотекот.

 

На истата седница беше одобрено и дополнување (проширување) на буџетот на општина Теарце за областа на образованието. Со ова проширување на Буџетот за 2021 година, се дава можност на О.У. „Исмаил Ќемали“ с.Нераште и О.У. „Асдрени“ с.Глоѓи да ги користат средствата добиени како донација од Фондот за иновации на РСМ. На оваа седница на Советот беа именувани претседателите и членовите на повеќе постојани комисии на Советот на општината.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk