Градоначалникот на Теарце Нухи Незири го пречека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски

Градоначалникот на Теарце Нухи Незири го пречека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик – министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска беа во посета на полошкиот регион.
Тема на разговор беше проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, како и увидот во градежните активности на новиот систем за наводнување во Теарце, кој започна пред два месеци, до сега, активностите течат одлично и согласно динамиката на градба.
Главниот извор на вода е реката Бистрица, чии води ќе овозможат наводнување на земјоделско земјиште, кое го обработуваат земјоделци. Тие ќе имаат директен бенефит од овој проект.
Од Канцеларијата за информирање на општина Теарце.
Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk