Се реализира ИПА II Консултативен форум Програмата за прекугранична соработка Косово - Северна Македонија.

 

Градоначалникот на Теарце, г. Нухи Незири учествуваше на консултативниот форум што се одржа во Приштина на 16 март 2022 година. Овој консултативен форум е дел од ИПА II Програмата за прекугранична соработка Косово-Северна Македонија. Градоначалникот г. Нухи Незири ја истакна важноста на соработката како главен столб за заеднички економски развој и реализација на повеќе проекти во областа на инфраструктурата, образованието и меѓукултурниот развој.
Учесници на овој консултативен форум беа г-дин Горан Милевски, министер (Министерство за локална самоуправа - Северна Македонија), г-дин Јоргос Папаѓанис, програмски менаџер (Канцеларија на ЕУ во Косово), г. Венера Черкини заменик генерален секретар / Раководител на оперативна структура (Министерство за локална самоуправа-Косово), г. Елберт Красниќи, министер (Министерство за локална самоуправа - Косово).

 

 

Од канцеларијата за јавно информирање на Општина Теарце.

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk