Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу општина Теарце и општина Келеш од Република Турција и општина Хани и Елезит од Република Косово.

 

Од 8 до 11 март 2022 година, во посета на општина Теарце беше делегација на турската држава предводена од градоначалникот на Келеш, Турција, г-дин Мехмет Кескин, придружувана од пратеникот од областа Бруса Осман Местен, советници на општина Келес и делегати на Советот на градот Бруса г. Мустафа Токсос и г-дин Ахмед Јашар Акбеи како и во координација со двајцата координатори на Косовскиот културен центар во Бруса, имено со г-дин Реџеп Гундус и Ридван Басаран.
Почесните гости ги прими градоначалникот на Теарце г-дин Нухи Незири придружуван од пратеникот на нашата област и општина г. Бејџан Илјаз, кој е исто така и претседател на Турската демократска партија во Република Северна Македонија, и од нашите соработници како што се г. Шенаси Мемети, раководител на секторот за финансии, Бесим Имери, раководител на секторот за економски развој, Мухамет Реџепи, одговорен за образование како и Мерита Елмази задолжена за јавни набавки.
Покрај протоколарниот дел во разговорот меѓу двете делегации се разговараше за многу теми од особено значење особено во образованието и за продуктивни активности во двете општини во областа на земјоделството, сточарството, градинарството, туризмот и размени на многу искуства и заеднички проекти за во иднина.

 

 

На 09.03.2022 година во продолжение на закажаните средби и во претходна координација се одржа возвратниот состанок од општина Хани и Елезит од Република Косово. По првата средба на градоначалниците на двете општини одржана на 18.02.2022 година во општина Хани и Елезит, а по разговорите што се одржаа, градоначалникот на Теарце г-дин Нухи Незири денеска пречека делегација од општината Хани и Елезит, предводени од градоначалникот г-дин Мехмет Балажи заедно со директорот за урбанизам г-дин Неџмедин Даци и директорката за економски развој г-ѓа Мајлинда Калоши.

 

Оваа прекугранична соработка меѓу двете општини денеска беше крунисана со потпишување на Меморандум за соработка, со цел олеснување и унапредување на проектите за економски развој, како и конкуренцијата во рамки на ИПА програмите за финансирање од ЕУ.

 

 

 

Искористувајќи го присуството на две гостински делегации како онаа од Република Турција и Република Косово, во многу братска атмосфера помеѓу општина Теарце како домаќин и општина Келеш од Република Турција и општина Хани и Елезит од Република Косово се одржа трилатерална средба меѓу сите претставници во полн состав на нивната претставништва. Се надеваме дека овој почеток на меѓуопштинска соработка ќе донесе придобивки за сите учесници не само на регионалниот план туку и на Медитеранот.

 

„Изградете поврзувачки мостови и рушете ѕидови за поделба!“, ова е мотото што Општина Теарце ќе ја следи секогаш кога станува збор за соработка со други и ќе придонесе во корист на заедниците и општините.

 

Од канцеларијата за јавно информирање на Општина Теарце.

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk