Градоначалникот г. Нухи Незири оствари работна средба со министерот за животна средина г. Насер Нуредини.

 

Градоначалникот на Теарце, г. Нухи Незири оствари работна средба со министерот за животна средина г. Насер Нуредини. На оваа средба се разговараше за предизвиците со кои се соочува општината во заштитата на животната средина.
Градоначалникот Незири го информираше министерот за состојбата на реализацијата на двегодишниот проект за изградба на канализациона мрежа во населба Теарце, кој се реализира со финансиска поддршка на МЖСПП, а се очекува да биде завршен до крајот на оваа година. Исто така, на оваа средба градоначалникот Незири зборуваше за потребата и можностите за соработка и поддршка на општината во реализацијата на другите проекти планирани во областа.

Од Канцеларијата за информирање на општина Теарце.

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk