Градоначалникот на Теарце, г. Нухи Незири учествуваше на презентацијата на ОБСЕ

 

Градоначалникот на Теарце, г. Нухи Незири учествуваше на презентацијата на ОБСЕ одржана во Меркур, Тетово. ОБСЕ ја претстави својата мисија во Скопје со општинските власти на Теарце, Врапичит, Боговиње и Јегуновце, каде што ги споделија позитивните искуства на ОБСЕ во развојот на демократските капацитети на локално ниво. ОБСЕ ја истакна својата улога за стабилност и мир преку политички дијалог за луѓето ширум светот и за заедничките вредности кои прават трајна разлика во политичката стабилност.

 

 

Клучен приоритет на ОБСЕ е следењето и поддршката на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на вооружениот конфликт во земјата во 2001 година. Договорот има за цел да гарантира учество на сите етнички заедници во политичкиот, општествениот и културниот живот. Се фокусира на децентрализација, недискриминација, јазични и образовни права и правична застапеност на сите граѓани.

 

 

Мандатот на мисијата ги опфаќа и полициските и законодавните реформи, владеењето на правото и различни области на добро владеење во земјата.
Од канцеларијата за информирање на општина Теарце.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk