За Општина Теарце


Општина Теарце се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонијa.

Во составот на општина Теарце се наоѓаат 13 населени места, четири села се ридско- планински , а останатите се наоѓаат во котлинскиот дел на општината. Во состав на општина Теарце се следните населени места: Слатино, Теарце, Нераште, Доброште, Пршовце, Глоѓи, Брезно, Варвара Јелошник, Лешок, Непроштено, Одри и Првце. Општина Теарце како општина функсионираше до 1965 година, но од 1966 година според законот за територијална организација се укина и се спои со општина Тетово. Општина Теарце како општина е формирана од 1996год. според законот за териториална организација. Се наоѓа северозападниот дел на РСМ која што опфаќа површина од 136.55км2, во која што живеат 17.694 граѓани од 25.638 попишани граѓани според пописот од 2021год. Густината на резидентни жители на општина Теарце се 129,6 жители на км². Според бројот на населените места и површината која ја опфаќа Општина Теарце влегува во групата на малите општини во Р.С.М

.

Во однос на етничкиот состав на населението, општина Теарце ја сочинуваат главно албанско население (84,4%), потоа македонско население со (12,2%) и турско население со (2,3%).

Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved