Градоначалникот Нухи Незири ја посети Oпштина Витија |
---|
![]() |
Гадоначалникот на Општина Теарце (придружуван од Тахир Шабани-Амбасадор на мирот) беше во посета во Општина Витија, каде што беше примен од неговиот хомолог Сокол Халити. На оваа средба градоначалникот Незири го информираше за сеопфатните случувања во оваа Општина, поточно за проектите што се реализирани и оние што се очекуваат да се реализираат. Исто така, на оваа средба се разговараше за можностите за соработка меѓу двете Општини во интерес на граѓаните и во рамките на меѓународните агенди.Во меѓувреме, градоначалникот на Општина Теарце, Нухи Незири на оваа средба истакна дека успеале да споделуваат многу мислења и многу заеднички проекти кои според него ги поврзуваат. Градоначалникот Халити високо ја ценеше посетата на г-дин Нухи Незири и двајцата градоначалници се договорија на следната средба двете институции да потпишат документ за соработка во сферите кои им се најпотребни на овие две Општини - соработка во сферата на образованието, културата, спортот. и издвојувајќи ја областа на земјоделството. |
![]() Во меѓувреме, Тахир Шабани, Амбасадор на мирот, кој беше и иницијатор на оваа официјална соработка, упати честитки за ваквите иницијативи. Тој рече дека се инспиративни за соработка за подготовка на економски и дипломатски агенди меѓу земјите-членки на ЕУ и Брисел, додавајќи дека наскоро во ЕУ ќе биде предложена прелиминарна агенда за регионалните политики. Шабани рече дека се работи и на организирање мировен самит со градоначалниците на Општините под патронат на ЕУ. |
![]() Во пресрет на оваа посета, градоначалникот Незири беше примен на средба и од вработените во Локалната телевизија (Општина Витиа). |
![]()
Posted on June 08, 2023 |