Посета на општина Родоврe во Данска

 

Градоначалникот на општина Теарце г. Нухи Незири, при посетата на Данска, на пријателска средба беше примен од градоначалничката на општина Родоврес, госпоѓа Брит Јенсен, која го информираше градоначалникот за историјата на општината, општинските политики и идните планови на општината. Градоначалникот Нухиу во својот говор го информираше градоначалничката Јенсен и за активностите на општина Теарце, како и за неговата подготвеност за соработка со општина Родоврес.

 

Градоначалникот Незири ја запозна и за географската положба на општина Теарце, каде што љубопитноста кај градоначалничката ја разбуди тоа што општина Теарцее рурална општина и лежи во Полошкото Поле во подножјето на Шар планина. Имајќи предвид дека градоначалничката Јенсен е љубител на природата и од фактот дека на работа доаѓа со велосипед, била импресионирана од прекрасната природа на општина Теарце и многу доброволно ја прифатила поканата на градоначалникот на општина Теарце запосета во блиска иднина.

 

Посебна благодарност упатува до госпоѓицата Арбереша Усеини, член на собранието на општина Родоврес која ја овозможи ова средбаза која станува збор и до сите наши сонародници кои придонесоа за реализација на оваа средба.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk