Mанифестацијата „Жените во културата“, второто издание на панел и уметничка програма

 

По повод 7 Март, Денот на наставникот, градоначалникот на општина Теарце, г. Нухи Незири ја организираше манифестацијата „Жените во културата“, второто издание на панел и уметничка програма, на која учествуваа почесни дами од јавниот, просветниот, културниот и академскиот живот.
Во знак на благодарност и пофалност за дадениот придонес, беа доделени признанија на сите дами учеснички: Маргарита Џепа „Чест на нацијата“, „Уметник на народот“, Лилијана Цингу „Голем мајстор“, Др. Флора Бровина, доктор, хуманист и активист на националното прашање, Абигеила Воштина, виолинистка-директор во ТОБ-Тирана, Флора Дурмиши - културна новинарка, директорка во Радио Косова, проф. Шпреса Толај - директор во Центарот за културно наследство - Пеќ, Дијана Тоска - поетеса, директорка на Театарот за деца и млади - Скопје, проф. Ординар Рудина Цико-пијанист, проф. Ординар Рабије Мурати - професор на Државниот универзитет во Тетово, Женски хор „Окарина“ диригент проф. Еликона Хисај, Лумније Османи - виолинистка, Пранвера Хоџа - пијанист, Алба Мучоли - пијанист, Бехаре Незири - поетеса, Садије Алити - поетеса, како и почитуваната професорка проф. Инординар Бесиана Мехмеди, креаторка и водителка на програмата.
Денеска, на Денот на учителите, беше поделена благодарност и за ветераните од образованието кои придонеле за воспитанието и образованието на новите генерации. Нивната посветеност за образованието на многу генерации е исклучително голема, тие ги издржаа сите предизвици на времето, затоа ние секогаш ќе им бидеме благодарни
Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk