Кардиохирургот Џемаили, гордоста на Теарце |
---|
![]() |
Веста не израдува со новата улога што швајцарската клиника му ја довери на почитуваниот лекар како директор на клиниката во Цирих.
Почитувани сограѓани, чест и гордост е за сите граѓани на Oпштина Теарце и особено на населбата село Теарце за повеќе димензионалната улога, придонес и ангажирањето на доктор Омер Џемаили, долгогодишен кардиохирург, прво во Германија, а потоа и во Швајцарија без занемарување на постојаниот придонес и посветеност и во татковината преку претставување во сите албански метрополи како Тирана, Приштина, Скопје и Тетово. Неговиот континуиран ангажман не само во операционите сали туку и во многу универзитетски сали на светските центри предавајќи го и пренесувајќи го своето професионално искуство и знаење. Сите ние, нашите граѓани, а особено пријателите, соборците и со големо достоинство семејството Џемаили од село Теарце, се гордеевме со нас. На докторот искрено и многу благородно му посакуваме здравје, успех и среќа во следните предизвици, како на професионален така и на социјален план. Со почит, Нухи Незири Градоначалник на Општина Теарце . |