Градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири, на покана на Фондацијата АПИ (Здружение на претприемачи и професионалци) престојуваше во официјална посета на Италија |
---|
![]() |
Градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири, на покана на Фондацијата АПИ (Здружение на претприемачи и професионалци) престојуваше во официјална посета на Италија, покана од општина Тревизо во рамки на конференцијата „Развој на трговските односи меѓу Италија, Северна Македонија и Балканот““. Овој настан се организира како дел од активноста на АПИ организацијата (Асоцијација на претприемачи и професионалци) која има за цел да го промовира економскиот, претприемачкиот и културниот развој на компаниите и професионалците на национално и меѓународно ниво. Нухи Незири имаше можност да ги претстави инвестициските капацитети на општина Теарце во повеќе области како што се земјоделството, сточарството, агротуризмот и обновливите извори на енергија.
|
![]() |
„Општина Теарце е општина во подножјето на Шар Планина, со релативно висока инфраструктура. Капацитетите на општина Теарце за инвестиции во земјоделството се меѓу најдобрите во регионот поради нејзината географска положба, а исто така историски оваа општина е позната по своите капацитети за сточарство и агротуризам. Потребите од обновливи извори на енергија несомнено создадоа потреба за долгорочен и среднорочен план на посебен начин да се посвети на оваа област“, рече пред присутните градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири. Незири на крајот додаде дека тој и општината што ја предводи се подготвени да ги пречекаат италијанските инвеститори и со тоа да започне нова ера на соработка.
|