Градоначалникот на Теарце Нухи Незири го пречека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски |
---|
![]() |
Градоначалникот на Теарце Нухи Незири го пречека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик – министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска беа во посета на полошкиот регион. Тема на разговор беше проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, како и увидот во градежните активности на новиот систем за наводнување во Теарце, кој започна пред два месеци, до сега, активностите течат одлично и согласно динамиката на градба. Главниот извор на вода е реката Бистрица, чии води ќе овозможат наводнување на земјоделско земјиште, кое го обработуваат земјоделци. Тие ќе имаат директен бенефит од овој проект. Од Канцеларијата за информирање на општина Теарце. |