Во времето на енергетската криза општина Теарце со план за производство на биоенергија.

Во Теарце ќе се произведува биоенергија со помош на Италија, Незири најде поддршка од италијанска општина.
Градоначалникот на Теарце Нухи Незири денеска во просториите на општината што ја предводи, на средба ја прими делегацијата од општина од провинцијата Беневенто во Италија, со која потпишаа меморандум за соработка кој ќе донесе инвестиции и подобра иднината на Теарце. Дел од делегацијата беа инженери за животна средина и бизнисмени предводени од градоначалникот на Фојано ди вал форторе Џузепе Антонио Руџеро.био енергија и за зелена иднина на општина Теарце. Незири пред медиумите зборуваше за конкретни инвестиции, при што подвлече дека ќе се изработи студија за да се види можноста за поставување на ветерници на подрачјето на оваа општина.
Важно е дека ќе направиме студија која ќе го опфати целиот наш регион за во блиска иднина да имаме можност да инвестираме во биоенергија во време кога состојбата со светската енергетска криза е во сериозна и критична фаза. Ќе треба да имаме преглед колку можеме да си дозволиме капитална инвестиција која ќе донесе големи придобивки за општината и граѓаните, и економски и природен, изјави Нухи Незири, градоначалник на Теарце.
Џузепе Антонио Руџеро му подаде рака на Незири за соработка во сите сфери и вети дека во блиска иднина некаде на територијата на општина Теарце ќе има ветерници кои ќе произведуваат струја. Споделувајќи го своето искуство од мала општина речиси како општина Теарце, тој рече дека вакво нешто на почетокот можеби изгледа невозможно, но ќе докаже дека неговата реализација ќе биде нешто многу добро за Теарце и за целиот полошки регион.
Многу сме среќни што по посетата на градоначалникот Незири денеска како домаќин не прими во својата земја и дојдовме со делегација која го сподели своето искуство во однос на инвестициите во производството на енергија, ми се допаѓа интересот и гостопримството на градоначалникот и во Првиот момент ги видовме големите можности што ги нуди општина Теарце. Тука сме да започнеме проекти кои ќе траат долго и ќе направат размена на култура за да ги запознаеме нашите општини кои се многу различни но и многу блиски за заедно да ги подобрат условите и квалитетот на живот за да се живее подобро за граѓаните. Најпрво треба да почнеме да го знаеме реалниот капацитет што го нуди оваа општина и нашата идеја е да направиме зелена Теарце и да ги направиме уште поефикасни функционалните електроенергетски системи и да започнеме со производство на електрична енергија од различни производи тргнувајќи од тоа био. А тоа значи дека ќе му помогнеме на Незири да ги оствари сите идеи и цели што ги има и во блиска иднина во Теарце ќе има Био енергија. Рече Џузепе Антонио Руџеро, градоначалник на Фојано ди вал Форторе.
Потпишаниот меморандум за соработка предвидува проектите и идеите кои беа ставени на маса да започнат за кратко време.
Од Канцеларијата за информирање на општина Теарце.
Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk