Градоначалникот на општина Теарце г.Нухи Незири го пречека заменик амбасадорот на Европската Унија г.Јулиан Васало. |
---|
![]() |
Денес, Градоначалникот на општина Теарце г.Нухи Незири го пречека заменик амбасадорот на Европската Унија г.Јулиан Васало. На средбата се дискутираше за проектите финансиски подржани од Европската Заедница преку програмата на ИПА и другите европски фондови, тие кои се во реализација како и проектите кои се планирани за реализација во иднина. Во локацијата каде се реализират работите се презентираше проектот за изградба на системот за наводнување во с.Теарце во склоп на проектот “ Системите за наводнување, со ниска цена, прифатлива за животната средина“. Проектот е финансиран од ЕУ преку програмите на ИПА фондовите и Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство. Имаше и презентација на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Николовски како и претставници од реализационата фирма и супервизори кои ги објаснија деталите за проектот, како и работите на терен. Од Канцелријата за Јавно Информирање на Општина Теарце. |
![]() |