НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ |
---|
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години. Градоначалникот својата функција ја извршува професионално. |
Градоначалникот во рамките на своите надлежности:• ја претставува и застапува Општината; • ја контролира законитоста на прописите на Советот; • ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината; • го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот; • го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината; • иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот; • го предлага годишниот Буџет и Годешната сметка на Буџетот на Општината; • го извршува Буџетот на Општината; • избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс; • редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот; • решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон; • донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; • раководи со општинската администрација; • одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон; • обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во согласност со Закон и Статутот и • врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут. Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти. |
Градоначалникот со заклучок ги прогласува и ги објавува прописите на Советот во “Службен гласник на Општина Теарце”. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот. |